1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фузија на два музички гиганти

21 јули 2004

Европската комисија без забелешки ја одобри фузијата на музичкиот дел од германскиот “Бертелсман" концерн "БМГ" со "Сони мјузик",со што се создава вториот по големина светски музички продуцент

https://p.dw.com/p/AeVV
Биоунс Ноулис и Кристина Агилиера-фузија на успешните и славните
Биоунс Ноулис и Кристина Агилиера-фузија на успешните и славнитеФотографија: dpa

За Гинтер Тилен,претседател на "Бертелсман",здружувањето со "Сони" е чекор од милји,со кој музичкиот дел од концернот се осигурува на долги патеки.Според интерните размислувања,со ова би требало да бидат укинати најмалку 2 илјади работни места,пред се во Јапонија и во Америка.Тоа е четвртина од целиот број на вработените.Фузијата освен тоа треба да донесе драстични заштеди на трошоците,станува збор за околу 280 милијарди евра годишно.

Двете фирми последниве години поради лошиот промет и продажба влегоа во зоната на губитниците.Кризата во целиот светски музички пазар,каде функционираат бесплатни интернет разменски берзи и поплава од крадени копии доведе до драматични падови на обртот.Но ќерката фирма на "Бертелсман"," БМГ" сега е на патот на подобрување.Првпат по пет години забележа позитивен полугодишен биланс.

Новиот концерн со главно седиште во Њујорк ќе се вика "Сони БМГ" и ќе биде по половина од двата концерна.Со обрт од околу четири милијарди евра, "Сони БМГ" би биле на второ место во светот по водечкиот на пазарот Универзал музик.Кај "Сони" со договор се наоѓаат музичари како Анастазија и Дејвид Боуви,кај "БМГ" меѓу другите Дидо и Бритни Спирс.

Музичката продукција,издавањето ЦД-еа и ДВД продукцијата на двете фирми -мајки не се погодени со фузијата.И јапонскиот музички бизнис на "Сони" нема да биде подведен во фузионираната фирма.

Здружувањето има цел бројот на светски владеачките музички концерни од пет да го намали на четири.Ова опасност ја согледа и ЕУ Комисијата,но немаше доволно докази за тоа.Таа сега затоа засилено ќе ја набљудува натамошната концентрација на музичкиот пазар.

Малите во музичката сфера исто така со загриженост го проследија решението на ЕУ Комисијата.Тие стравуваат дека дополнително ќе бидат постиснати на маргините.Независните музички продуценти од ЕУ побараа забрана на планираната фузија,зашто и сега петте најголеми концерни контролираат 80 проценти од свесткиот пазар.Уделот на независните музички продуценти од 27 проценти минатата година слезе на 25 насто.Здружението на независните ИМПАЛА,размислува за жалба против дозволата за фузија до Европскиот суд.