Фуере повикува на итни разговори меѓу Македонија и Грција
26 април 2010Изјавата на премиерот Никола Груевски дека тој би гласал против предлогот „Република Северна Македонија“ доколку се распише референдум, според евроамбасадорот Ерван Фуере само ја покажува ургентноста за билатерални разговори меѓу Македонија и Грција околу името. Овој проблем не може да се реши преку јавни изјави од која било страна, туку тоа може да доведе само до недоразбирања. Но, времето навистина е кратко, изјави Фуере денеска на прес - конференцијата во Скопје на која ги промовираше активностите за прослава на Денот на Европа 2010. Тој повтори дека шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос посочи оти се’ уште постојат отворени можности да се изнајде компромис и изрази надеж дека во наредните седум недели пред одржувањето на состанокот на Советот на ЕУ ќе се постигне напредок.
Автор: ГЧ/АТ/миа/макфакс
Редактор: Александра Трајковска