Фуере апелира да се деблокираат судските реформи
11 јули 2007Реклама
Амбасадорот на ЕУ, Ерван Фуере денеска повторно апелираше политичките партии во Македонија да го интензивираат меѓусебниот дијалог. Според Фуере, партиите треба да ги надминат партиските интереси и да го елиминираат застојот во реализирањето на судските реформи. „Застојот не значи одалечување на земјата од Унијата, но претставува негативен поен на патот кон ЕУ“, порача Фуере.