Фрлени бомби врз КФОР
19 јуни 2012Реклама
Рачните бомби биле фрлени во четири часот изутрина (19.06). Едната експлодирала, додека другата само се истркалала на патот, поради што војниците го блокирале сообраќајот, се наведува во соопштението на КФОР. На еден од војниците на КФОР од експлозијата на едната бомба му е оштетен слухот. Поголема материјална штета не е направена. Преминот Брњак ќе остане затворен поради безбедносни причини.
КФОР ја осуди употребата на насилство. Војниците на КФОР минатата недела затворија еден алтернативен пат кон централна Србија кај преминот Брњак. Тие патишта локалните Срби, кои не сакаат да одат на официјалните премини затоа што таму има косовски цариници, ги користат за да патуваат во централна Србија.