1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Фридом хаус„: демократијата во светот назадува!

Scheschkewitz, Daniel22 јануари 2008

На што се должи ваквиот негативен тренд и како изгледа најновиот „политички атлас„ на светот што го издава „Фридом хаус„ - повеќе од прилогот на Даниел Шешкевиц.

https://p.dw.com/p/CvsY
Кина - економска и политичка сила во подем: колкаво влијание има врз вкупниот развој на демократијата во светот?Фотографија: DW-Montage
Во најновиот годишен извештај на „Фридом хаус„ се констатира не само стагнација на глобалниот тренд на демократизација, туку дури и назадување. По крајот на „студената војна„ експертите на оваа амриканска организација тврдеа дека демократизација и слободата во светот добија голем поттик и дека станува збор за незапирлив процес во глобални рамки. Најновиот тренд на назадување според Фридом хаус се должи пред се‘ на поддршката што т.н. “прагматични диктатури„ како Русија и Кина им ги даваат на деспотските режими, како оние во Узбекистан, Грузија или Бурма.


Според анализите содржани во политичкиот атлас на демократијата, правата и слободите минатата година биле намалени во 38 земји, додека само во 10 биле проширени. Особено во Африка и Азија демократијата има големи потешкотии, тврдат експертите. Во земјите како Пакистан и Малезија или Кенија и Нигерија се забележува пораст на авторитарните елементи на владеење.


Организацијата Фридом хаус инаку има 120 постојани соработници со седиште во Вашингтон. Таа исто така има и регионални бироа на пример во Унгарија, Србија и Украина. Таа се финансира 75% од буџетот на американската влада, а остатокот доаѓа од приватни фондации, како на пример онаа на Џорџ Сорос. Основана е во далечната 1941-ва од страна на тогашната прва дама на САД, Елеонора Рузвелт. Уште од тогаш претставува мешавина на аналитичка установа и застапништво на американските политички интереси. Како главна цел се наведува заложбата за основање и етаблирање демократски структури и граѓански слободи во целиот свет.


За таа цел таа ги следи политичките системи на 193 земји и ги анализира според девет основни критериуми, меѓу кои се и постоењето правна држава, религиозни слободи и право на јавно изразување на сопственото мислење. Секоја година организацијата издава политички атлас на светот, во кој државите се поделени на принципелно три категории: „слободни„ „делумно слободни„ и „неслободни„. При категоризацијата силно е застапен американскиот политички интерес и до толку диоптрија во набљудувањето на државите и нивните систми. Така на пример Куба има негативни оценки во речиси сите можни категории. Но, затоа Нигерија, која целно го попречува приемот на фреквенциите на слободните радио станици, сепак добива просечни оценки.