1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фратини за воведување „сина карта“

24 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bw5C

Европската комисија сака да го олесни доселувањето на висококвалификувана работна сила во Европа од трети земји.Еврокомесарот за правда Франко Фратини во Брисел изјави дека воведувањето т.н. сина карта треба да помогне да се затворат празнините во европскиот пазар на труд и да се стави под контрола илегалното доселување.Сина карта би требало да добијат лицата што ќе добијат ветување за добро платено работно место во некоја држава од ЕУ.На предлог законот се противат Германија и Австрија.Ополномоштеникот на германската влада за миграциони прашања,Марија Бемер,го одбива бриселскиот концепт зашто условите во одделни држави од ЕУ се премногу различни за да може да бидат воведени единствени правила.