1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франц Јозеф Јунг останува на својот став – пилотите може да обијат наредба

18 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bh1G

Германскиот министер за одбрна Франц Јосеф Јунг со неговата изјава да се дозволи да урне патнички авион грабнат од терористи и без законска основа, и натаму предизвикуава големи реакции. Претседателот на Сојузот на Бундесверот, Бернахрд Герц повторно ги повика пилотите на млазни авиони да одбијат една таква наредба. Според законот за војници, тие се обврзани да не извршуваат нардби, со кои се прави прекршок, рече Герц за германската телевизија. Шефот на сојузот на Бундесверот ги повика партиите на власт да најдат решение за проблемот. Плановите на министерот наидоа на отпор и кај коалициониот партнер СПД и опозиционите партии.