1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Француските трупи убиле стотици исламисти во Мали

БГ/бета/афп6 февруари 2013

Официјален Париз најави дека до март годинава ќе ги повлече трупите од Мали, по воената офанзива врз припадниците на исламистичките движења, која се оценува како успешна.

https://p.dw.com/p/17Yhe
Фотографија: picture-alliance/AP

Франција ќе почне да го намалува бројот на своите војници во Мали од март „доколку се‘ оди според планот“, изјави шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус во интервју за весникот „Метро“.

Во моментов во Мали има 4 илјади француски војници.

„Франција не планира трајно да остане во Мали. Африканците и Малијците треба да гарантираат за безбедноста, територијалниот интегритет и суверенитетот на земјата“, рече францускиот министер.

Тој додаде дека Французите постепено ќе и‘ го предаваат раководството на Африканската воена мисија, но француските трупи ќе продолжат да делуваат на северот на земјата каде се‘ уште има делови во кои се кријат терористи.

Француските власти соопштија дека повеќе стотици исламски милитанти биле убиени во тринеделната воена интервенција во Мали. Тие загинале при воздушни напади врз конвоите со камиони со кои биле превезувани луѓе и воени материјали, но и во директните борби во неколку градови.

На француска страна загина еден пилот на хеликоптер, кој бил смртно погоден уште на првиот ден од операциите во Мали, на 11. јануари. Официјалните претставници на Мали досега не соопштија бројки за жртвите.

На североистокот на Мали, во областа Кидал, како зајакнување на француските трупи пристигнаа и 1.800 војници од Чад. Кидал досега важеше за упориште на вооружената исламистичка група Ансар Дина.

Mali Geberkonferenz in Addis Abeba 29.01.2013
Лорен ФабиусФотографија: Simon Maina/AFP/Getty Images

Француските трупи сега трагаат по лидерите на исламските радикали кои се засолниле во планините Ифогас, северно од Кидал, во близина на границата со Алжир.

„Нарко-терористичките групи се запрени благодарение на нападите. Но, може да има натамошни поединечни акции. Треба да се биде внимателен, во Мали, како и во соседните земји. Секој треба да биде свесен дека ризикот е се‘ уште присутен“, рече Фабиус.