1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција: Oд реформата стана реформче

ЖА/дв/афп20 декември 2012

Француската влада ги принудува банките во земјата на значајни преструктуирања со цел да се спречат нови финансиски кризи. Но, предложеното е далеку под очекувањата.

https://p.dw.com/p/1762o
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кабинетот веќе го одобри соодветниот предлог-закон. Тој предвидува високоризичните зделки да бидат префрлани во фирми во сопственост на банките. Сосем треба да бидат забранети компјутерски поддржувана високофреквентна трговија и одредени шпекулации со цените во областа на аграрот.

Франција ќе биде првата земја во Европа која ќе спроведе вакви структурни реформи, истакна министерот за стопанство Пјер Московици. Со законскиот проект француската влада пред се‘ планира спречување на потребата од нужна државна интервенција поради недозволени шпекулации на банките, што оди крајно на товар на граѓаните-даночни обврзници. Значи, државата нема да мора да пружа помош на банките за да ги спаси заштедите и да спречи „зараза“ на целиот финансиски систем.

Доколку финансиските институции влегуваат во „ексцесивни ризици“, за нив мора да гарантираат акционерите и доверителите на банките, истакна Московици. Реформата не е толку радикална колку што навестуваше острата анти-банкарска реторика на социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд во изборната кампања.