1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција со рекордна невработеност

ЖА/дв/дпа/ртре6 јуни 2013

Уште еден столб на ЕУ се ниша се‘ повеќе. Невработеноста во Франција поради економската криза достигна највисоко ниво во последните 15 години. Економистите не предвидуваат скоро подобрување.

https://p.dw.com/p/18l4y
Фотографија: picture-alliance/dpa

Францускиот претседател Франсоа Оланд најави цел - постигнување на пресврт на францускиот пазар на работна сила до крајот на годината. Но, според службата за статистика, до целта води многу долг пат, зашто од јануари до март невработеноста е со највисока стапка во послендите 15 години: 10,4 проценти од работоспособните немаат никаква работа, што е пораст од 0,3 проценти. На крајот на април според Министерството за труд околу 3,3 милиони луѓе биле регистрирани како невработени. Со тоа стапката на невработеност во Франција е речиси двојно повисока отколку во Германија.

Економисти за новинската агенција Ројтерс изјавуваат дека до крајот на 2014 година очекуваат пораст на 11,5 проценти.

„Ситуацијата ќе остане екстремно тешка“, вели аналитичарот Жилиен Мансео, еден од 12-те контактирани експерти.

Франција е на удар на економската криза и во првиот квартал од оваа година падна во рецесија. Според ММФ, економијата оваа година ќе бележи пад од 0,2 проценти. Поради тоа, ММФ побара од Франција спроведување повеќе реформи.