Франција – Полска
13 јуни 2007Реклама
Францускиот претседател, Никола Саркози, има намера да работи на тоа Полска да го промени ставот околу новиот европски устав на ЕУ. Во интервју за весникот “Газета Воборшча’ Саркози изјави дека за време на неговата претстојна посета на Полска ќе стави јасно до знаење дека Полска е исклучително важна земја во ЕУ и дека е потребна нејзина согласност за компромис. Полска бара поголема тежина на нејзиниот глас во телата на ЕУ и поради тоа се заканува дека ќе стави вето на планираниот нов европски устав.