1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

131011 Buchmesse Spannung

13 октомври 2011

Франкфурт веќе по 63-ти пат е домаќин на најголемиот саем на книгата во светот. До недела се очекуваат 280 илјади посетители. И натаму воодушевени љубители на литературата има повеќе од доволно.

https://p.dw.com/p/12rDS
Фотографија: AP

Многу стручни посетители доаѓаат од далеку за да се информираат за трендовите на пазарот на книга. Само во Германија годишно се објавуваат 90 илјади нови изданија. Непроменет е трендот кон криминалистичките романи.

„Луѓето едноставно се гладни по тоа. Тие сакаат да читаат крими романи, во кои-обвиткано во криминалистичко дејство-се отсликува секојдневието“.

Еден од оние чии книги станаа бестселери е Данецот Јуси Адлер Олсен. Неговите крими романи за инспекторот Карл Морк се меѓу најпродаваните романи не само во Германија.

NO FLASH Frankfurter Buchmesse 2011
Фотографија: Frankfurter Buchmesse/Fernando Baptista

„Крими романите се читаат со голема напнатост, човек сака да знае што се случува на наредната страница. За авторот се разбира претставува големо задоволство кога знае дека читателот сака да чита и натаму и натаму“.

Книгата, напишана и испечатена, е популарна како никогаш досега. Писателот Владимир Каминер не полага на напнатоста, туку на хуморот:

„Сериозна тема неминовно го доведува човека до трагедија, а сметам дека една трагедија може да се надмине само со хумор. Во спротивно сите ќе плачат, а тоа е ќорсокак“.

Читателите, во секој случај, не се загрозен вид во изумирање, тоа многу јасно го покажува Франкфуртскиот саем на книгата.

Прилогот можете да го погледнете како Видео на денот!

Автор: Мануела Каспар Клериџ/ Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска