1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фото-индустријата повторно на растечки курс

Клаус Урлих / Александар Методијев18 септември 2012

Класичната камера е во надолен тренд и се’ повеќе фотографии се прават со смартфони и таблети. Актуелните трендови и новитетите во браншата се презентираат на најголемиот светски саем за фотографија – Фотокина во Келн.

https://p.dw.com/p/16B03
Фотографија: picture-alliance/dpa

Приватните потрошувачи и професионалците годинава, според проценките, ќе направат промет во германската фото-индустрија во висина од над 20 милијарди евра. Само на приватниот сектор, според прогнозите, отпаѓаат околу 17,5 милијарди евра. Цути бизнисот со опрема за снимање, додатоци и обработка на фотографии.

„Ние денес имаме разновидност на производи и понуди, која ја нема ниту една друга индустрија во овој обем“, вели Кристијан Милер-Рикер, директор на Асоцијацијата на фотографска индустрија. „Ние ги земаме актуелните трендови, како што е мобилната обработка на фотографии, мобилни апликации, екстерна меморија (Cloud), филм, поврзаноста, како и интерактивните или живите фотографии“, вели Милер-Рикер.

Потенцијал преку социјалните мрежи

Мрежната поддршка, социјалните мрежи, како и новите додатоци, според неговото мислење, гарантираат натамошен потенцијал за создавање вредност во браншата. Со новите технологии и медиуми границите меѓу индивидуалните делови од пазарот се прелеваат и тоа доведува до експанзија на пазарот на фотографија.

Овој пазар профитира и од добрата состојба со германската економија, робусниот пазар на труд и добрата состојба со приходите. Фотокина 2012-та со своите бројни новитети треба да му даде стимул преку дополнителната побарувачка.

Bildergalerie Photokina 2012
Цути бизнисот со мобилни апликации и со продажба на принт-фото албумитеФотографија: Reuters

Бизнисот со мобилни апликации (Apps) е во бум

Како функционира ова покажуваат на пример мобилните апликации - малите апликациски софтверски програми. Во моментов во продавниците има околу 9.000 фото и видео мобилни апликации. Речиси ист број има и за андроид уредите. Крајот на бумот на малите програми е неизвесен, бидејќи ширум светот има околу 100.000 развивачи на овие програми. Според прогнозите на експертите, пазарот за мобилни апликации до 2015-та година би имал големина од 100 милијарди долари. Тој во Германија во минатата година изнесуваше 200 милиони евра, а оваа би требало да достигне 350 милиони евра.

Принт-фото албумите се во мода

Индивидуално креираните фото албуми, кои се печатат во форма на книга, еволуираа од нивното воведување на пазарот во 2005-та година. Само во 2011-та година се продадени 6,4 милиони принт-фото албуми, што претставува пораст од 12 проценти во споредба со минатата година. Бумот продолжува.

Како резултат на континуираниот пораст се очекува годинава да се достигне продажба од 6,7 милиони печатени албуми во Германија, што би претставувало пораст од 4,7 проценти во однос на претходната година.

Bildergalerie Photokina 2012
Над 20 милијарди евра годишно се прават од продажба на камери и опрема во ГерманијаФотографија: dapd

Трендови и новини

Големи надежи браншата полага во нова лансирана „екшн-камера“, со која прицврстена на кацигата или, пак, скејтбордот, ќе може да се фотографираат спортските активности на отворено. Досега се продадени 150.000 вакви камери.

Речиси секој потрошувач низ земјата има најмалку еден уред за снимање. Речиси 34 милиони уреди за снимање се продадени во 2012-та година. Сите по три, а најмногу пет години, купуваат нова камера.

Фотокина се одржува на секои две години во Келн. Саемот годинава трае од 18-ти до 23-ти септември. Околу 1.160 понудувачи од 41 земја изложуваат тука. 200 се од Кина. Освен камерите и смартфоните, во средиштето на интересот на саемот е и безжичното пренесување на фотографии.