Фотографија на денот: Гуми од глуварче
14 ноември 2017Реклама
Од руско глуварче, кое го гледате на денешната #ФотографијаНаДенот на една експериментална површина кај Анклам, во покраината Мекленбург Предна Померанија, познатиот производител на гуми, Континентал, планира да добие природен каучук. Континентал има намера да инвестира 35 милиони евра и со помош на процес разработен од научниците од Фраунхофер- институтот за молекуларна биологија и применета екологија, да започне сериско производство на гуми од природен каучук.