Економско-социјалниот совет
25 декември 2011
Конститутивната седница на Економско-социјалниот совет на СДСМ се одржа денеска (25.12.2011) во седиштето на партијата во Скопје.
„Причината за формирање на овој Совет е петипол годишното владеење на
актуелната влада, речиси мандат и половина, период кој доволно покажа дека
концептот на раководење со економијата на Владата, не е соодветен, ниту пак
е замислен да биде соодветен“, изјави првиот човек на Економско-социјалниот
Совет Ванчо Узунов.
„СДСМ се одлучи да формира еден широк круг на луѓе, кои што имаат големо
искуство и се експерти во своите области и тие да предлагаат решенија во
поглед на подобрување на економската и социјалната состојба во Македонија.
Целта е да се понуди една алтернативна програма и решенија кои ќе бидат
корисни и за економијата и за граѓаните на оваа држава“, рече Узунов.
Автор:СН/ЕМФ/макфакс/миа
Редактор: Е. М. Фиданоска