Финалето во Лигата на шампионите во 2015. во Берлин
23 мај 2013Берлин ќе биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите во сезоната 2014/2015 соопшти денеска УЕФА, по дводневниот состанок во Лондон кој се одржа во пресрет на годинешното финале кое ќе се игра на Вембли.
Финалето во Лига Европа во истата сезона ќе се игра во Варшава.
Годинава, дуелот меѓу Бајерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе се игра во Лондон, додека следната сезона дуелот на најдобрите е закажан на стадионот Да Луж во Лисабон.
Берлинското финале ќе биде осмото на германска почва. Последното се одигра во 2012 година на стадионот на Бајерн Минхен, Алијанц Арена. Бајерн го загуби финалето од Челзи на пенали.
Олимпискиот стадион во Берлин е изграден од нацистичката влада на Адолф Хитлер за Летните олимписки игри во 1936 година, и има капацитет од 76 илјади гледачи.
На овој стадион се играше финалето на Светското фудбалско првенство во 2006 година, а на него од 1985. година се одржува и финалето на германскиот фудбалски куп.