Филм на македонски режисер на фестивал во Берлин
23 април 2012Филмот е во продукција на Lara Enterprises.com Gmbh од Германија, а копродуцент од Македонија е продуцентот Роберт Јазаџиски преку својата продуцентската куќа Кавал Филм од Скопје. „90 minutes” е поддржан од германскиот филмски фонд -DFFF (German Federal Film Fund). Филмот во целост е снимен во Берлин, на повеќе атрактивни локации меѓу кои Темподром, Олимпискиот стадион, киното Зоо Паласт, подземната железничка станица Бундестаг, железничката станица на Потсдамер плац, Филмскиот музеј Filmhaus и Skylounge.
„Проектот Берлин” е возбудлива приказна која ги истражува емоциите создадени на различни нивоа на реалноста преку кои ги испитуваме нашите избори, мотивации и животот во целост. Главните улоги ги толкуваат: Блерим Дестани, филмската актерска легенда Удо Киер, Рихард Замел, Николет Кребиц, Вернер Даен. Во филмот значајни улоги остварија и македонскиот актер Рефет Абази и Карел Зима кој играше и во претходните филмови на Трајков. Како дел од интернационалната екипа (Германија, САД, Македонија, Чешка, Црна Гора) предводена од режисерот Трајков во реализацијата на филмот од Македонија учествуваа и Рефет Абази acting coach на Блерим Дестани и Нина Чамински координатор на продукција.