1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филм „искрен до коска“

16 јули 2011

Режисерот Владимир Блажевски за ДВ зборува за филмското авторство, за фестивалите, наградите, за силната мотивација да се сними филм по многу години, и за „црните овци“ во македонскиот филмски еснаф.

https://p.dw.com/p/11vyB
Фотографија: Fotolia/Alexander Vasilyev

Македонскиот режисер и сценарист Владимир Блажевски жестоко и искрено му се врати на филмот по 17 години и- победи! Македонско- српската копродукција „ Панкот не е мртов“ ја доби наградата Кристален глобус на тукушто завршениот 46. Филмски фестивал во Карлови Вари во Чешка, за најдобар филм во програмата „Источно од Запад“. Филмот е комуникативен, разбирлив, питок, духовит, патувачки „роуд“филм и истовремено „луто скопски филм“- вели Блажевски.

„Панкот не е мртов“ го потпиша со својот авторски сензибилитет,со многу ентузијазам, одлична екипа, герилски и на „мускули“, со буџет од 250 илјади евра иако тврди дека во нормални услови ваков филм би чинел 1 милион евра ! На Владимир Блажевски ова му е трет игран филм по „Хај Фај“ во 1987 и „Булевар на револуцијата“ во 1992.

Што се случуваше од последниот филм што го режиравте, „Булевар на револуцијата“ па до „Панкот не е мртов“? Дали ви беше потребен период на некаква креативна инкубација и созревање на идеите или имавте нова преокупација па затоа ве немаше на филмската сцена?

Една од причините веројатно беше и тогашниот историски контекст. „Булевар на револуцијата“ излезе кога започна една грда и лоша војна во бившата земја.Така што и јас бев психолошки малку зашеметен, нерасположен за некаква креативност во момент кога нешто се руши, паѓа... Можеби тоа беше некоја моја неснаодливост со тие транзициски нови правила на игра. Не бев согласен да станам нешто како „играч“. Ете тоа ме чинеше- да не ме „играат“! Имајќи го тоа в предвид најмногу работев долгометражни документарни филмови, но мојата главна инспирација и нешто што најмногу ме радува е кога правам игран филм.

Македонскиот режисер и сценарист Владимир Блажевски жестоко и искрено му се врати на филмот по 17 години и- победи! Македонско-српската копродукција „ Панкот не е мртов“ ја доби наградата Кристален глобус на тукушто завршенииот 46. Филмски фестивал во Карлови Вари во Чешка, за најдобар филм во програмата „Источно од Запад“. Филмот е комуникативен, разбирлив, питок, духовит, патувачки „роуд“филм.и истовремено „луто скопски филм“- вели Блажевски.

Symbolbild Filmregisseur
Фотографија: mipan - Fotolia.com

„Панкот не е мртов“ го потпиша со својот авторски сензибилитет,со многу ентузијазам, одлична екипа, герилски и на „мускули“, со буџет од 250 илјади евра иако тврди дека во нормални услови ваков филм би чинел 1 милион евра !

На Владимир Блажевски ова му е трет игран филм по „Хај Фај“ во 1987 и „Булевар на револуцијата“ во 1992.

Режисерот Владимир Блажевски зборува за филмското авторство, за фестивалите и наградите, за силната мотивација да се сними филм по многу години, за „црните овци“ во македонскиот филмски еснаф и за македонскиот кинематографски творечки амбиент.

Автор: Сузана Тодоровска

Редактор: Трајче Тосев