1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филипини: Секоја помош е добредојдена

Конор Дилон/ А.Трајковска10 ноември 2013

Се претпоставува дека супер-тајфунот „Хаијан“ однесе илјадинци животи на Филипините. ДВ разговараше со хуманитарната организација „Ворлд вижн“. Спасувачките тимови се обидуваат колку што е можно поскоро да пружат помош.

https://p.dw.com/p/1AExu
Фотографија: Reuters

Хуманитарната организација „Ворлд вижн“ на Филипините со седиште во Манила има големо искуство со помош по природни катастрофи предизвикани од тајфуни. Соработницте на организацијата се на пат кон регионите кои силно беа погодени од невремето. ГЏеф Ламиго ја координира комуникацијата на спасувачките тимови.

ДВ: Колку спасувачи испрати Вашата организација во областите погодени од катастрофата?

ГЏеф Ламиго: На пат кон Лејте и Самар се три тимови, кои треба да ја оценат ситуацијата. Овие острови се најтешко погодени, исто како и Пинаи островите.

Какви информации испраќаат оттаму?

Сѐ уште се попат. Патот до таму е тежок. Аеродромот на градот Таклобан беше целосно уништен. За да стигнеме до таму мораме да одиме преку други аеродроми и фериботи. Сликите кои оттаму стигнуваат кај нас се страшни. Таклобан формално е проголтан од бурата. Улиците таму се блокирани од откорнати дрвја и срушени далноводи.

Дали овој тајфун може да се спореди со други невремиња на Филипините?

Ова е друг вид на тајфун, комбинација од повеќе тајфуни. Со самото тоа ако се посматра големината и пречникот. Бурата шестпати едно по друго удри на копно, како шест поединечни удари.

Како „Ворлд вижн“ сега ќе им помогне на луѓето во нужда?

Наредните недели најпрво ќе треба да им се помогне на луѓето кои останаа без своите домови. Ним им е потребна храна, кревети, покривки. Освен тоа се разбира и чиста вода, која чесно може да се транспортира, особено за децата. Се надеваме дека наредните недели ќе можеме да им помогнеме на околу 45.000 семејства.

Но како ќе стигнете до тие семејства?

Тоа нема да биде лесно. Многу улици се блокирани. Притоа мораме да соработуваме со владата. Уште сега работиме заедно со ОН.

Познавете луѓе кои беа погодени од тајфунот?

Една од моите соработнички беше таму кратко пред „Хаијан“ да удри на копно. Досега не слушнавме ништо за неа, комуникацијата е во прекин. Наш тим е на пат во тој регион и се надеваме дека таа е добро. Има и други колеги кои живеат таму. Куќата на една моја колешка е целосно уништена. За тоа таа дозна кога самата учествуваше во една друга спасувачка акција. Се кине срцето кога се слушаат такви приказни. Оваа несреќа не погаѓа сите, не разликува меѓу богати и сиромашни.

Погодените области се првенствено сиромашни во споредба со главниот град Манила или?

Тоа е точно, многу луѓе таму се сиромашни и живеат од риболовство и она што самите го одгледуваат. Но во Аклан и Лејке развиен е и туризмот. Во Бохол речиси целото стопанство зависи од туризмот. Сега се затворени четири аеродроми. Овде во Манила не почувствуваме многу од бурата. Но, ние бевме подготвени. Овде беше вклучен алармот. Тајфунот во секој момент можеше да го смени правецот на движење и да го погоди главниот град, не само со силни ветрови туку и со големи колични дожд. Манила е подложна на поплави.

Дали земјата беше подготвена?

Мислам дека Филипинците научија од тајфуните во последните пет години. Луѓето, владата и општините. Тие соработуваа и инвестираа во системите за итно згрижување. Пред да пристигне тајфунот масовоно беше организирана превентивна евакуација. Меѓутоа во многу региони прекина комуникацијата. Тоа уплаши многумина. Луѓето кои сѐ уште не знаат што е со нивните партнери или деца, страдаат. Нашите метеоролошки служби и експертите за катастрофи постојано ја надгледуваат ситуацијата и го активираат алармот, за да бидат подготвени исто и сега. Во моментов надгледуваме едно друго циклонско подрачје, кое би можело да прерасне во нов тајфун. Во просек секоја година 20 до 25 бури ги погодуваат Филипините. Пет од нив вообичаено се големи невремиња.

Полицијата во меѓувреме стравува од 10.000 жртви. Можете ли да ја потврдите оваа бројка?

Во саботата вечерта во 18.00 часот бројот на потврдени смртни случаи изнесуваше 138. И покрај тоа сметам дека може да има стотици натамошни жртви. Во секој момент би можеле во водата да се најдат нови тела. Од погодените области полека стигнуваат информации. Но, тешко е да се има увид. Сега е многу важно да се концентрираме на преживеаните. Речиси еден милион луѓе се погодени од катастрофата. Потребна ни е секоја помош што можеме да ја добиеме, за да ги поддржиме овие луѓе.