Филе, Хауит и Бузек утре во Скопје
28 февруари 2013Реклама
Како што информираат од Европската комисија, посетата е во контекст на актуелната политичка ситуација во земјата. Предвидено е Филе да го придружуваат известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Хауит и поранешниот претседател на ЕП, Јержи Бузек.
„Решавањето на политичката криза ќе помогне во создавањето услови за извештајот што Комисија го подготвува врз основа на одлуката на земјите членки за пролетва. Ќе создаде услови овој извештај да биде позитивен“, изјави Петер Стано, портпарол на еврокомесарот Филе.