1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филе очекува позитивен извештај за Македонија

АТ/ миа 17 септември 2012

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска (17.09.) е во посета на Скопје. Високиот европски дипломат притоа се средна со премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

https://p.dw.com/p/16AWH
Фотографија: MIA

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе очекува извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија што треба да биде објавен во октомври, да биде позитивен, имајќи предвид дека земјата направила многу во процесот на спроведување на обврските преземени со високиот пристапен дијалог.

„И неколкупати претходно ЕК врз основа на Извештајот за реализираните обврски им препорача на земјите членки на Македонија да и се даде датум за почеток на преговори за членство. Годинава нема сомнеж дека е направено доста во спроведување на реформите, во рамки на високиот дијалог меѓу Македонија и ЕУ“, истакна еврокомесарот Филе по денешната средба со македонскиот премиер Никола Груевски, одговорајќи на новинарско прашање дали позитивен извештај од ЕК би значел почеток на преговори за членство во ЕУ, доколку не постои спорот со Грција околу уставното име.

Сепак, вели,чесно е да се каже дека одлуките за почеток на преговори ги носат сите членки на Европската унија и тоа е политичка одлука. „Затоа нагласив дека имплементацијата на она што е досега усвоено треба да продолжи до декември годинава. И затоа велам дека високиот пристапен дијалог меѓу Македонија и ЕУ и сите прашања кои досега ги покривме и резултатите од тоа ќе им помогне наземјите членки на Унијата да му пријдат на ова прашањеконструктивно“, истакна Филе.

Премиерот Груевски очекува во извештајот на Европската комисија да биде препознаена работата и посветеноста на Владата во спроведувањето на преземените обврски и реформите, а соодветно на тоа и валоризирана. „Почетокот на преговорите со Европската унија што поскоро, останува наша примарна цел. Тоа ќе го задржи кредибилитетот на процесот на проширување на Европската унија и ќе даде сигурност на нашиот евроатлантски процес“, истакна Груевски.

Mazedonien - EU Erweiterungskommissar Stefan Füle
Филе во СкопјеФотографија: MIA

Процесот на исполнување на реформите во пет области во рамките на Пристапниот дијалог на високо ниво е навистина успешен, оцени еврокомесарот за проширување Штефан Филе во денешното обраќањето пред Националниот совет за евроинтеграција во Собранието на Република Македонија.

Првпат во 10 години, како што истакна, има длабока анализа и оценка за Рамковниот договор, но како што додаде, се гледа дека на ова поле има се’ уште работа. „Имате потреба од успех“, рече Филе, најавувајќи го за 10. октомври објавувањето на новиот извештај за напредокот на Република Македонија. Истакна дека овој документ ќе биде основа за дискусиите меѓу членките на Европската унија за идните чекори.

Филе пред пратениците во македонското Собрание и членовите на дипломатскиот кор рече дека реформите што Македонија ги спроведува не треба да бидат поврзани со конкуренцијата меѓу политичките партии. Како добар пример за спроведени реформи во Македонија посочи на минатите избори, но исто така рече дека локалните избори во 2013 година ќе бидат добра можност да се покаже дека државата се подобрува.

Тој изрази задоволство од тоа што дискусиите во рамките на Пристапниот дијалог не се само размена на мислења, туку и искрено искажани ставови кои го промовираат дијалогот на високо ниво за отворање на пристапните преговори.

Пред обраќањетово Националниот совет за евроинтеграции, Филе се сретна со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Вељаноски, како што соопшти собраниската прес-служба, на средбата истакна дека Собранието како и досега покажува институционален капацитет да одговори и да ги реализира сите обврски кои произлегуваат од Пристапниот дијалог на високо ниво со Европската унија.

Еврокомесарот Штефан Филе рече дека високо ја цени круцијалната улога на Собранието во целиот овој процес, како и улогата и посветеноста на претседателот Вељаноски во остварувањето на европската агенда. „Верувајте дека сето ова што го имате сработено како парламент ќе има силен одраз во финалниот извештај за напредокот на вашата држава. Ова е важно, како за Европската комисија, така и за секоја држава членка“, истакнал Филе на средбата со Вељаноски.