1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филе во Белград на разговори за евроинтеграцијата на Србија

АТ/ макфакс/ бета18 март 2013

Европскиот комесар Штефан Филе денеска се очекува во Белград, каде со српското раководство ќе разговара за досегашниот напредок на Србија во европските интеграции.

https://p.dw.com/p/17zMt
Фотографија: dapd

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, денеска во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Томислав Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ и министерот за одбрана Александар Вучиќ. По одвоените средби ќе се оддржи состанок на делегациите на Србија и ЕУ.

Посетата на Филе на Белград е во рамките на консултациите кои претходат на подготовката на извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија, кој треба да биде објавен во април. „Станува збор за редовни консултации пред важните одлуки кои се однесуваат на Србија“, изјави портпаролот на Филе, Петер Стано за српските медиуми.

Се очекува една од темите на разговорите да биде и дијалогот меѓу Белград и Приштина, што е еден од главните усплови Србија  да добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.

По разговорите во Белград, Штефан Филе ќе ја посети и Приштина каде што ќе се сретне со косовското политичко раководство.