1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филе бара одржување на темпото на политичкиот дијалог

Тони Гламчевски16 април 2013

ЕК денеска во Стразбур го објави извештајот за напредокот на Македонија во спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ, за напредокот во добрососедските односи и за „прашањето за името".

https://p.dw.com/p/18Gt7
Фотографија: dapd

Комисијата го поздравува продолжувањето на напорите за реформи и покрај неодамнешните политички тензии и притоа ја нагласува потребата за одржување на темпото за политички дијалог, со што ефектите од политичката криза можат да бидат целосно надминати.
„Севкупно, спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ во Поранешна Југословенска Република Македонија продолжува со напредокот во речиси сите цели и показатели. Односите со соседите останаа добри и се преземени чекори во билатералните односи со Бугарија и Грција. Формалните разговори за ’прашањето за името’, исто така се здобија со нова динамика во текот на извештајниот период,“ се вели во извештајот на еврокомесарот Штефан Филе кој во моментов го претставува пред членовите на ЕП во Стразбур, директно надлежни за проширувањето, по што тој ќе го претстави пред новинарите.
Во извештајот, исто така, тој ја нагласува важноста за спроведување на политичкиот договор постигнат на 1 март 2013 година со кој беше надмината неодамнешната политичка криза.
„Постигнат е напредок во текот на последните шест месеци. Предизвикот сега е да се зачува тој елан, на начин што ќе дозволи целосна употреба на постоечките можности. За таа цел политичкиот договор од 1 март треба да се спроведе во целост, вклучувајќи и во рамките на Комисијата за истрага, меѓупартискиот меморандумот за разбирање и за исполнување на стратешката цел на земјата за членство во ЕУ и продолжување на дијалогот со новинарите ", стои во извештајот на комесарот за проширување Штефан Филе.
Извештајот, според првите информации, претставува дополнителни информации наменети како основа за дискусии во Советот на ЕУ во јуни, околу препораките на Комисијата за отворање на пристапните преговори со Република Македонија.