1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фејсбук нуди иднина за малите компании

Мануел Ецеркеш/Зоран Јордановски5 јули 2012

Во еден од најголемите влезови на берза во историјата, социјалната мрежа Фејсбук неодамна одлучи да стане играч на пазарот. Еден пример од Хамбург покажува дека Фејсбук нуди иднина и за малите компании

https://p.dw.com/p/152OQ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Последен договор во Туристичката агенција во Хамбург пред големата посета на менаџер на Фејсбук за Германија. Светски, мултимилијардерски концерн се среќава со мали претприемачи. Но, тие треба наскоро да станат важни обезбедувачи на приходи за интернет-платформата. Туристичката агенција веќе сега успешно соработува со Фејсбук и денеска тоа ќе биде прославено. Младите претприемачи продаваат патувања на параглајд-сурфинг и тоа главно преку Фејсбук. Започнаа пред три години, денес веќе го достигнаа првиот милион од приходите. Благодарение на Фејсбук, тие се сега водечки во светот за таква понуда.

„Луѓето, приврзеници на таков сурфинг, комуницират со нас, коментираат одредени прилози што им се допаднале, а нивни пријатели го гледаат тоа во момент во кој можеби ни не помислуваат дека би сакале да учат параглајд-сурфинг“, вели претприемачот Јирген Зиверс.

Таа интернет-страница им се допаѓа на повеќе од 64 илјади пријатели. На туристичката агенција тоа и носи муштерии, но исто така и на менаџерот на Фејсбук. Тој им продава на малите фирми онлајн-реклами по мерка на потенцијалните купувачи од околината. Туристичката агенција ја чини околу 20 илјади евра годишно реклама на Фејсбук. Не е многу, но интернет-концернот има мноштво такви клиенти.

Surferin Bethany Hamilton
Фотографија: AP

„Потенцијалот е енормно голем. За малите и приватни претпријатија и на се исплати да се рекламират на големи, надрегионални портали. Рекламирање во локален контекст отвора огромни можности“, објаснува Скот Вудс, шеф на Фејсбук за Германија.

Од една студија произлегува дека станува збор за пазар со волумен од 80 милијарди евра годишно. Експерти за рекламирање во интернет сметаат дека тоа може да биде голем бизнис за Фејсбук.

„Фејсбук продава податоци од своите клиенти. Тие податоци се регионализирани - каде и во какво опкружување живее клиентот. Регионалниот маркетинг е основа на маркетиншката стратегија на Фејсбук. И, Фејсбук не греши ако игра на таа карта“, вели Карстен Филингер, експерт за интернет.

Поради тоа Фејсбук и конкуренти како Гугл врбуваат мали претприемачи, како агенцијава од Хамбург.

Кој сака да ги придобие за себе, мора да се постави спрема нив - понекогаш и да позира за групна фотографија. Светот на малите претпријатија и не е сосем туѓ за луѓето од Фејсбук. Конечно, онлајн-платформата и самата така започна.