1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фетел убедлив во Јужна Кореја

БГ/афп14 октомври 2012

Актуелниот првак Себастијан Фетел победи на трката во Јеонгам и се искачи на врвот во генералниот пласман на четири трки пред крајот на сезоната.

https://p.dw.com/p/16Pkc
Фотографија: Reuters

Себастијан Фетел со болидот на Ред Бул победи на трката за Големата награда на Јужна Кореја и го презеде водството во генералниот пласман во Формула 1. На четири трки пред крајот на првенството, Фетел за првпат сезонава го презеде приматот во генералниот пласман со 215 поени, шест повеќе од второпласираниот Фернандо Алонзо на Ферари, кој денешната трка ја заврши на третото место.

Тоа беше третата победа едноподруго за 25-годишниот Германец, кој сега и дефинитивно ја презеде улогата на главен фаворит за повторно освојување на титулата. Фетел брка хет- трик во триумфи, откако ја освојуваше титулата и во претходните две сезони.

На патеката во Јеонгам Фетел стартуваше од втората позиција, веднаш зад клупскиот колега Марк Вебер, но успеа да го преземе водството веќе на првата шикана и оттогаш до крајот успешно ја одржуваше предноста. Истовремено, тоа беше и првата „еден-два“ победа за Ред Бул сезонава, откако Вебер се искачи на второто место на пиедесталот.

Sebastian Vettel Mark Webber PK Red Bull Südkorea 2012 Qualifying
Себастијан Фетел и Марк ВеберФотографија: picture-alliance/dpa

На четвртото место се пласираше Фелипе Маса со вториот болид на Ферари, петти беше Кими Раиконен со Лотус, а до десеттото место следуваа Нико Хулкенберг, Роман Грожан, Жан-Ерик Верње, Даниел Рикардо и Луис Хамилтон.

Во генералниот пласман за конструктори води Ред Бул со 367 поени, пред Ферари со 290 и Мекларен со 284.

Следната трка се вози за Големата награда на Индија за две недели.