1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фер шанса за почеток на преговорите

Силвера Падори20 јуни 2007

И во услови на зафатеност на ЕУ со сопствените реформи, Македонија заслужува фер шанса и датум за преговори - порачаа во Берлин македонските државници

https://p.dw.com/p/Ayhh
За постигнатото во Македонија во Берлин заеднички лобираа претседателот Црвенковски и првиот дипломат МилошоскиФотографија: picture-alliance/ dpa

"

Нашата порака беше: ние не сме совршени, но сме добри! И веруваме дека сме доволно добри за да ни биде и понатаму дадена една фер шанса да напредуваме во рамките на европските интеграции”. Ова министерот Милошоски го пренесе пред парламентарците од Комисијата за економска соработка и развој образложувајќи ги очекувањата на Македонија во однос на евроатлантските интеграции: покана за членство во НАТО наредната година во Букурешт и датум за почеток на преговорите со ЕУ. И покрај ветувањата од страна претседателот Хорст Келер и останатите соговорници на шефот на државата Бранко Црвенковски дека Германија и натаму ќе ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ, се ќе зависи од исходот од Брисел. Таму ќе се одлучи за судбината на европскиот устав. Европскиот парламент јасно даде на знаење дека ново проширување нема да има се додека Унијата не се реформира и не се донесат нови основи за нејзино функционирање. За Македонија и покар ваквиот став останува приоритет да не дојде до прекин на започнатите процеси. И додека трае дефинирањето на идниот документ со кој што ќе се регулираат односите внатре во Унијата, Македонија да не губи време. Да ги започне преговорите, да ги затвора поглавјата и подготвено да го дочека договорот за унијата. Беше пренесено од страна на Црвенковски и Милошоски до германските домакини.

Доколку есенскиот извештај за напредокот на реформите во Македонија е поволен покана за членство се посакува во текот на словенечкото претседателство во првата половина на 2008.По однос на наредното проширување Германија е категорична.Нема дилеми дека местото на Западниот Балкан е во Европската Унија. Но, останува Македонија да си ги одработи домашните задачи врзани за реформите во судството и полицијата зашто гледање низ прсти нема да има.

"

Сите земји од овој регион имаат една принципилена перспектива за членство. Зашто припаѓаат на Европа. Ова меѓутоа во ниту еден случај не значи дека ќе има автоматизам во приклучувањето. Автоматизам нема да има ни за Хрватска, ниту Македонија, а во никој случај за останатите републики - подвлече претседаелот на Бундестагот Норбер Ламерт по разговорите со Црвенсковски.

И во вчерашните разговори на претседателот, а и на денешниот соло настап на шефот на дипломатијата тема беше и статусот на Косово. “Македонија не е земјата која ќе го одлучи финалниот статус на Косово. Но ние порачавме колку побрзо се донеси таа одлука во рамките на ЕУ и Обединетите нации толку подобро за регионот. Второ уште еднаш се искористи приликата да се истакне дека се поддржува планот на Ахтисари и трето дека секое пролонгирање на решавањето на ова прашање во себе носи ризик за зголемување на тензиите”- изјави првиот дипломат Антонио Милошоски по разговорите со парламентарците на Бундестагот.