1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фер трговија

3 февруари 2004
https://p.dw.com/p/AeS8

Воздржано оптимистички- такво во моментов е расположението на излагачите на светски најголемиот саем на слатки што се одржува во Келн. Но, една мала нишка од браншата и покрај слабиот конјуктурен развој, постојано бележи раст - фер трговијата, односно трговијата со производи од чие продавање повеќе добиваат и селаните на лице место, во најнеразвиените земји во светот. Ина Ротшајд, која го посети саемот во Келн, констатира - да се биде фер е очигледно "ин".

Три евра и педесет за само една табла чоколадо - тоа е премногу. А, уште, покрај него во регалот на супермаркетот стојат табли со виолетови крави и цени од под едно евро. Но, скапото чоколадно искушение крие во себе повеќе - имено добра совест при купувањето. Шарениот печат за фер трговија значи: со купувањето на тоа чоколадо дел од парите одат и на сметка на селаните кои произведуваат какао во Гана, Еквадор или Доминиканската република. Тоа, се разбира, има своја цена, но и покрај претежно воздржаното расположение на излагачите на келнскиот саем, шефот на фер трговијата, односно Трансфер, Дитер Оверат, е оптимист:

"Тоа е мал, но значаен сегмент, кој годинава првпат ја надмина границата од десет милиони, а на пазар на кој постои остра борба, пораст од седум проценти не е нешто што се подразбира само по себе."

Значи да се биде фер е "ин", а меѓу трансфер производите, токму чоколадата и бонбоните се на првите позиции. Само минатата година, Германците купиле 823 тони производи од фер трговијата - или седум проценти повеќе отколку претходната година. Од пад на конзумот или штедење - ниту трага. Томас Шпек од Гепа, еден од најголемите поседувачи на лиценци, вели дека во моментов само две сфери имаат шанси за пораст:

"На пазарот има голем пораст во сферата на ефтини понудувачи - ако сум најефтин понудувач, можам да забележам голем пораст. Втора сфера каде има голем пораст е т.т. премиум сфера - пораст кај оние кои нудат особено висок квалитет."

Системот е едноставен. Трансфер не продава самиот производи како независна иницијатива, туку го предава печатот на фер тргувани производи. Од фер трговијата профитираат вкупно 4,5 милиони произведувачи и нивните семејства, во 45 земји, иако голем дел од цената завршува кај посредниците и во делот на натамошната преработка. Дитер Оверат сликовито објаснува: "Ако имате една табла чоколадо, тогаш по правило од нејзе максимално едно делче од вредноста останува кај производителите на какао. Со фер трговија, може да се рече дека кај нив остануваат две делчиња од вредноста. Иако тоа звучи само како неколку центи, тоа на лице место значи силно зголемување. Истото важи и за кафето."