1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фер облека наместо евтини партали

Хеле Јепезен / Александар Методијев5 мај 2013

Текстилната индустрија се мачи со исполнувањето на меѓународните социјални стандарди. Лошите услови за работа, за сметка на што облеката се продава поевтино, ја влошуваат сликата за оваа бранша.

https://p.dw.com/p/18Qk5
Фотографија: picture-alliance/dpa

Паѓањето на фабричка зграда во близина на главниот град на Бнгладеш ги наполни насловните страници во светот. Во меѓувреме е потврдена смртта на преку 600 луѓе, а многумина и натаму се под урнатините. Работниците во осумкатницата пред несреќата откриле пукнатини во ѕидовите. Раководителот на нелегалната фабрика ги игнорирал предупредувањата. Осегот на катастрофата предизвика загриженост ширум светот за условите за работа во тамошните фабрики.

Ваквите вести не се реткост. Текстилните фабрики во Бангладеш се познати по мизерните мерки за безбедност. Во ноември минатата година загинаа 112 луѓе во пожар во една фабрика. Пред неколку месеци 250 луѓе загинаа исто така, но во пожар во фабрика во Пакистан.

Bangladesch Rana Plaza Rettungsaktion 26.04.2013
Разурнатата зграда однесе 400 животи, а се стравува дека под нејзините урнатини има уште текстилни работнициФотографија: Reuters

Во текстилните фабрики во двете земји фирми од цел свет евтино ги произведуваат своите стоки. Меѓу нив спаѓаат и германските фирми. Во Бангладеж се произведуваат маички од брендот C&A, ама наменети за бразилскиот пазар, а во Пакистан облека за дисконтот за облека KIK, кој низ Европа има 3.200 филијали. По пожарите двете компании објавија дека сакаат да учествуваат во фондот за жртвите.

Минимум фер производство

За меѓународната мрежа „Кампања за чисти алишта“ ова е добар гест, но не и доволен. Оваа кампања веќе побара подобри работни услови во текстилната индустрија. Меѓународната организација на трудот формулираше минимални барања за социјални стандарди. Тие се вклучени во осум точки: да нема присилна работа, да нема дискриминација, да нема работа на деца, да има слобода на здружување на работниците, да има законски гарантирани плати, да има регулирани работни часови, да има пристојни услови за работа и да има регулирани вработувања.

Bettina Musiolek Clean Clothes Campaign
Бетина Музиолек од „Кампањата за чисти алишта“Фотографија: DW/H. Jeppesen

Основните стандарди често не се исполнуваат ниту во Европа, нагласува Бетина Музиолек од „Кампањата за чисти алишта“ во разговор за Дојче веле. Таа пред се’ е специјализирана за Источна Европа и Турција и таму забележува широко распространето нефер услови за производство.

„Најголем проблем во Источна Европа се платите, работните часови, здравствената и заштитата при работа. Во турција може да се додаде и слободата на организирање“, вели Музиолек. Таа нагласува дека исто така и во Германија или во рамките на ЕУ не се дава фер минимална плата.

Голем е притисокот од цените и конкуренцијата врз компаниите, забележува Кристоф Шефер од Конфедерацијата на германската текстилна и модна индустрија. Тој забележува дека во Германија и многу други европски земји состојбата на работничките се ублажува од страна на социјалната држава.

„Текстилната индустрија се напаѓа дека секогаш произведува таму каде што е најевтино. Тоа е точно, бидејќи постои висок притисок од трошоците. Но, кога ќе се развлечат караваните на текстелната индустрија, тие зад себе не оставаат изгорена почва. Вообичаено текстилната индустрија е онаа индустрија на чија основа доаѓа благосостојбата и другите индустрии во земјата“, смета Шефер.

Поевтино преку дискриминација

Но, кога се произведува во најсиромашните земји, тогаш таму не се потребни образовани и скапи текстилни работници. Таму не се крати само на платите, туку и на здравствената заштита и заштитата од пожари.

Bangladesch Textilindustrie
Евтиното производство подразбира помали плати и полоши услови за работаФотографија: AP

Така, фер произведена маица не може да се понуди за три евра, нагласува Ролф Хајман од германската модна фирма „Хес натур“.

„Од памукот како растение на поле, преку предење, плетење, боење, кроење и на крајот да се донесе во продавница, а на тоа уште да се платат 19 проценти данок на додадена вредност – е тоа не е можно“, објаснува Хајман.

Познавачите на приликите во текстилната индустрија велат дека е тешко да се котролира целиот процес од производство до дистрибуција, бидејќи постојат бројни изведувачи и подизведувачи на работите. Затоа не постои можност секој снабдувач да се сертифицира дека е 100 проценти фер. Често познатите модни марки имаат стотици испорачувачи на облека.