1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фер избори

Александар Чомовски18 мај 2006

Партиските лидери во Македонија денеска ќе потпишат Декларација за фер и демократски избори

https://p.dw.com/p/Ade3
Фотографија: aptn

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски денеска со лидерски самит ќе го заврши циклусот дебати за фер избори.Сите партии ќе ја потпишан понудената Декларација за фер избори,иако ВМРО Народна нема да оди кај шефот на државата.Личната нетрпеливост меѓу Црвенковски и Груевски и овојпат дојде до израз.Екс премиерите разменија нови обвинувања.Црвенковски нема кредибилитет за фер избори,велат во ВМРО Народна.Приврзениците на Георгиевски се незадоволни што шефот на државата не го потпиша Законот за бришење на кривичното дело злоупотреба на службената положба со што осомничените членови на партијата Михајловски,Даравеслки,Пауновски,би биле амнестирани од криминалот во време на владеењето на Георгиевски.Од друга страна на една мартовска средба со партискиот врв на СДСМ во Охрид Црвенковски од својот лидерски наследник Бучковски побарал Георгиевски да не биде негов иден коалициски партнер по парламентраните избори.Во меѓувреме главните ривали СДСМ и ВМРО ДПМНЕ како да се следат во стапка.Бучковски и Груевски пред една недела истовремено беа во Битола,потоа и во Прилеп.И за двајцата Пелагонискиот регион,кој е земјоделски,е важен поради гневот на жетварите,тутунарите,земјоделците,што претставуваат речиси 40 проценти од тамошниот електорат.

Бучковски се обиде да вети стимулации,донации за аграрците преку ребаланс на буџетот и трошење од парите добиени од продажбата на големите системи пред се ЕСМ и дивидендата од Телеком:

-И во програмата на СДСМ и во сите други програми ќе бидат многу големи очекувања на сите политичари во делот на земјоделието,но битна е реализацијата и примената на сето она што го имаме. Ние ветувам едека во делот на даночната политика кон земјоделците ќе ја прифатиме дел од програмата на ЛДП.

Премиерот вети намалување на даночните зафаќања во аграрот.

Во Прилеп пак лидерот на ВМРО ДПМНЕ прифати ТВ дуел со првиот човек на СДСМ,но во завршницата на кампањата.

-Планираме воведување задолжително средно образование,планираме воведување информатика во осносвното образование,веронаука и етика во основното образование,зашто не само што треба да градиме млади луѓе и кадри,кои ќе бидат полни со знаења,туку и луѓе со карактер и чесност,морално однесување,изјави чекникот на ВМРО ДПМНЕ ,Груевски,претставувајќи дел од својата Преродба во сто чекори.