1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ферибот потона пред брегот на Занзибар

10 септември 2011

Пред брегот на Танзанија, кај островот Занзибар, ноќеска потона преполн ферибот. Како исчезнати се водат стотици луѓе.

https://p.dw.com/p/12WXa
Фотографија: Simon Collins

На фериботот имало околу 600 патници. Досега се спасени најмалку 250 луѓе, од кои 20 се деца, соопшти владиниот претставник Иса Гаву. Акцијата на спасување, меѓутоа, не оди како што треба, затоа што спасувачите ја немаат неопходната опрема.

Преполниот ферибот ноќеска (09.09) се превртел на пат меѓу два острови на архипелагот. причината за несреќата засега е непозната. Еден од преживеаните, Абдула Сајед, изјавид ека фериботот бил прилично преполнет кога во раните утрински часови потонал во дел на океанот со големи морски струи.

Во пристанишниот град Стоун Таун илјадници луѓе чекаат вести за несреќата и акцијата на спасување. Некои од нив на фериботот имале по повеќемина членови од семејството.

Автор: ЕМФ/дпа/афп

Редактор: Борис Георгиевски