1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

150909 IAA Melkus

20 септември 2009

На Франкфуртскиот саем на автомобили е претставен и нов модел на „Вартбург Мелкус“, наречен „Ферари од Источна Германија“. Неговиот претходник порано ја задоволуваше страста за шик и брзи автомобили.

https://p.dw.com/p/JjTz
Лимитираната серија на „Мелкус“ од 2005 годинаФотографија: picture-alliance/ dpa

Дури и во поранешната Демократската Република Германија, каде владееше монотонија од „Трабант“, „Вартбург“ и слични автомобили, постоеше копнеж по брзи, шик автомобили. Спортскиот автомобил „Вартбург Мелкус“ ја задоволуваше оваа страст., што го конструираше дрезденскиот тркач со автомобили, Хајнц Мелкус, доби дозвола да се вози во градски сообраќај. Беа направени точно 101 парче од ова спортско купе, опремено со двотактен мотор од „Вартбург“. Токму затоа беше вистинско доживување да се види овој автомобил по улиците. „Вартбург Мелкус“, како што стана познат меѓу народот, стана легенда. А тоа и ќе останеше, да не дојдеше до повторното обединување на Германија. Во 2005 година производителот „Мелкус шпортваген“ претстави лимитирана серија од овој автомобил, а сега на саемот во Франкфурт го претставува и неговиот наследник - РС 2000.

Задржани се најважните карактеристики

Спортската верзија е во јака портокалова боја а комфорната верзија во елегентна сребрена. Малата работилница на мануфактурата „Мелкус шпортваген“ во Дрезден е многу посветла и почиста, отколку вообичаена автомеханичарска работилница. Точно четириесет години откако Хајнц Мелкус од Дрезден го презентира моделот РС 1000, неговиот внук, Сеп Мелкус, стои пред наследникот на овој автомобил:

BdT Melkus
Новиот „Мелкус“ е сличен на стариот само по надворешниот изгледФотографија: AP

„Се обидовме да ги задржиме истите форми од стариот модел, убавите заоблувања над калниците. Затоа наследникот доста потсетува на РС 1000, иако има други карактеристики. На пример, драстично е намалено растојанието меѓу оските на предните и задните тркала. Освен дизајнерските карактеристики, битно беше да го интегрираме концептот за странично отворање на вратите. Навистина привлекува внимание кога вратите ги отворате нагоре. Стариот ’Мелкус’ имаше вакви врати, затоа мора и новиот да ги има“, вели Сеп Мелкус.

Инаку, новиот модел нема друго заедничко со неговиот претходник. Тој беше составен од сите делови што предничеа во социјалистичкото планско стопанство: карбураторот од производителот на мотоцикли „МЗ“, задната шофершајбна од „ТАТРА-метро“, решетките за проветрување на задниот дел од „Трабант“, а под хаубата беше сместен двотактен мотор од „Вартбург“.

Личел на „Ферари“, но „Лада 1600“ била побрза

Томас Ремус, од Земерда во Тирингија, во осумдесеттите години возел ваков раритет:

„Она што денеска се ’Ферари’ и ’Ламборџини’, тогаш беше ’Мелкус’. И тоа уште во ГДР, па и тука конструиран и произведен- на времето беше сензација што ваков автомобил е воопшто дозволен“, се потсеќа Ремус.

Триесет илјади источни марки - толку чинел спортскиот „Мелкус“. Сепак, тој не се продавал официјално, туку само на членови на тркачки друштва, или, пак, се разменувал на приватен авто-пазар. Томас Ремус, на пример, го заменил својот „Ситроен Палас“ за „Мелкус“. Во секој случај, автомобилот не го нудел она, што го ветувала неговата надворешност, смета Томас од денешна перспектива:

„Тоа не беше ’Ферарито’, на кое наликуваше. Човек го забележуваше тоа уште по првото возење. Дури и една ’Лада 1600’ беше побрза од него. Беше бучен, внатре се` живо удираше и тропаше. Некој ќе помислеше дека е само во трета брзина, а вусшност, границата беше достигната.“

„Мелкус“ вози низ финансиската криза

Sportwagen vom Typ Melkus RS 2000
„Мелкус РС 2000“ блесна на саемот на автомобили во ФранкфуртФотографија: picture-alliance/ dpa

Но, и покрај ова, РС 1000 имаше толку многу обожаватели, што Сеп Мелкус и неговиот татко Петер во 2005 година ја основаа фирмата „Мелкус шпортваген“ и изработија уште петнаесет парчиња од оригиналниот модел, со истите делови и двотактен мотор и уште пет други парчиња, но со четворотактен мотор. Еден ваков автомобил чинеше седумдесет илјади евра. Успехот што го постигнаа ги охрабри Сеп и Петер да го изработат наследникот на РС 1000. Нивната фирма има десет вработени, од кои тројца работеле и на автомобилите на Хајнц Мелкус, конструкторот на оригиналниот спортски автомобил од Источна Германија. Петер и неговиот син Сеп имаат точна претстава за тоа како треба да изгледа новиот модел:

„Не ни беше целта да направиме автомобил што повеќе личи на болид, па муштериите да се прашуваат дали воопшто ќе можат да го возат на улица. Сакавме брз автомобил, но ништо предимензионирано.“

Возилото е доследно на едноставната градба, почнувајќи од четвортактниот мотор. Не тежи повеќе од еден тон, што му овозможува на РС 2000 со само 270 коњски сили за неколку секунди да постигне брзина 100 километри на час. Автомобилот има и други предности: со потрошувачка од десет литри гас, тој е навистина штедлив и има добри шанси за во иднина, смета Сеп Мелкус:

„Електричните спортски автомобили мора да бидат лесни, за да можат да ги поднесат тешките батерии. Нашето возило би било одлична подлога за ова. Се` уште не е ништо испланирано, но за нас тоа е особено интересна тема, бидејќи совршено се вклопува во нашиот концепт.“

Предвидено е годишно да се произведуваат по 25 автомобили, а веќе има и неколку нарачки. Цената изнесува околу сто илјади евра, а очигледно има такви што би ја платиле, и покрај финансиската криза.

„Сметам дека ние не спаѓаме во онаа категорија што може да биде директно погодена од автомобилската криза. Прво, затоа што произведуваме многу мал број автомобили годишно и второ, затоа што спаѓаме во луксузните марки. Затоа не ми предизвикува голема главоболка тоа што автомобилот го претставуваме во вакви времиња“, вели Мелкус.

Автор:Сесилија Паперт / Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска