1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фајненшл тајмс: Идентифиокуван еден од атентаторите во Лондон

12 јули 2005

Пет дена по терористичките напади во Лондон, британската полиција успеа да идентификува еден од атентаторите, пишува денеска Фајненшл Тајмс. Во текстот натаму се наведува дека се стеснуваат укажувањата, според кои во четирите напади во метрото и автобусот биле резултат на експлозиви што биле направени на едно место. Полицијата претпоставува дека зад нападите во Лондон стои досега непозната ќелија на А

https://p.dw.com/p/AcDy
Фотографија: AP

л Каеда. Во меѓувреме, британскиот премиер Тони Блер потврди дека најновата бројка загинати во атентатите е 52 лица. 30- тина лица се уште се водат како исчеѕнати по нападите.

Потрагата по атентаторите е една од најинтензивните во историјата на Велика Британија, посочи премиерот Тони Блер пред пратениците од парламентот.

,, Терористите ќе платат највисока цена„ посочи пефот на британската влада и се заблагодари за поддршката што по атентатите стигна од целиот свет.

,, Морам да ја нагласам нашата длабока почит за поддршката што ја доби Лондон и Велика Британија изминативе денови. Лидерите на Г 8 групата демонстритаа комплетна солидарност, а такви пораки стигнаа и од ОН, Меѓународниот Олимписки комитет и од сите страни на светот,, рече Блер и најави дека Европските институции ќе одржат итни состаноци во текот на неделата.

,, Заедно можеме да се осигураме дека иако терористите убиваат, тие не можат никогаш да го уништат нашето заедништво и вредностите што ги делиме,, додаде британскиот премиер.

И американскиот претседател Џорџ Буш посочи дека бомбашките напади во Лондон од минатата недела се напади врз целиот свет.

Во говорот што го одржа во тренинг центарот на Федералното Истражнио биро, Буш рече:

,, Со ваквите луѓе, што подметнуваат бомби во метроа и автобуси, не можеме да преговараме. Ќе продолжиме да се бориме со таквите непријатели, се додека тие не бидат совладани.“