1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фасцинираност од мултикултурноста во Лондон

Силвера Падори-Кленке30 јули 2012

Олимписките игри во Лондон можеби нема да се перфектно организирани како изминатите во Пекинг, но во секој случај ќе останат запаметени по типичната британска лежерност и оригиналниот сплет на традицијата и модерното.

https://p.dw.com/p/15gLh
A Taiwan rower trains for the single sculls at Eton Dorney near London in preparation for the Olympic Games July 25, 2012. REUTERS/Jim Young (BRITAIN - Tags: SPORT OLYMPICS ROWING)
Olympia Training Rundern TaiwanФотографија: Reuters

Oфицијалната песна на Олимпијадата - „Survival“ на групата Мјуз (Muse), маскотите Мандвajл и Венлок, новите градби на Олимпискиот стадион, Велодромот, Олимпиското село, ведрата атмосфера и покрај променливото време и дождот, се само дел од работите кои деновиве ги фасцинираат домаќините и гостите на годинашнава олимписка метропола на Темза.

„Мислам дека е голема шанса за Британија на светот да му покаже што се’ имаме тука и колку сме радосни што оние кои се тука заради Олимписките игри, имаат можност да видат дел и од нашата земја“, вели Џудит.

London 2012 - Vorbereitungen
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Многу сум горда што Олимпијадата е тука во Лондон.Особено е возбудливо што има толку луѓе од различни националности од светот. Чувството е навистина многу убаво, многу убаво“, подвлекува Никола.

Поглед кон поубавата страна на ОИ

Џастин не крие дека вистинскиот „олимписки оган“ во него се запалил по официјалното отворање на Игрите, кое било фантастично. Возбуден е и фасциниран од настанот што и’ се случува на Британија. Сепак, тој упати и неколку критички забелешки на адреса на неговите сограѓани.

„Работата е што луѓето во оваа држава се многу цинични. Вистина е дека дел се заинтересирани за спортскиот настан, но на дел се’ нешто им фали. Не им чини сообраќајната турканица, можните проблеми кои се нормални за вакви големи спортски манифестации. Но, по отворањето мислам дека сите веќе ја гледаат поубавата страна“, коментира Џастин.

За Сара, ова е нејзина „прва блиска средба“ со Олимпијадата. Фасцинирана е од шаренилото на државите, народите и традициите претставени на отворањето, зашто „забавно е да се види дека има се’ поголем и поголем број држави кои учествуваат на Олимпијадата, а не само едни исти големи, како Америка, Австралија, Русија“.

Gespräche mit Bürgern Olympia London 2012
Џастин: Сите веќе ја гледаат поубавата страна на ОИФотографија: DW/S. Padori-Klenke

Меѓу илјадниците гости на Лондон разговаравме и со Херми кој не крие дека е среќен што ќе може да ги бодри тројцата маратонци од Етиопија.

Поддршка и за македонските спортисти

Во Лондон инаку, силите си ги одмеруваат 15.000 спортисти од над 200 држави од светот. Ги прашавме нашите соговорници: дали знаат дека меѓу нив има и од Македонија?

„Апсолутно! Задоволна сум што тука е и Македонија“, вели Џудит, која им посакува многу среќа на спортистите на Велика Британија и на Македонија. Никола вели дека до официјалната церемонија на отварањето не знаела дека учествува и Македонија. Била изненадена за колку многу земји учеснички првпат и слушнала.

„Да, ја знам Македонија... од Евровизијата“, со заразна смеа ни вели Сара, која како родена Швеѓанка многу добро знае дека колку една држава е поголема, толку луѓето помалку знаат за останатиот мал свет.

Gespräche mit Bürgern Olympia London 2012
Сара: Ја знам МакедонијаФотографија: DW/S. Padori-Klenke

Инаку, нашите соговорници се на мислење дека концентрацијата кон спортот, навивањето за својата земја, очекувањата и радоста од победите и медалите се дел од фасцинацијата наречена Олимпијада, која овој август би требало во втор план да го стави проблематичното секојдневие, финансиската криза и политиката со кои сиот свет живее!