1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фасцинантно свечено отворање на олимпијадата во Атина

14 август 2004
https://p.dw.com/p/AcLv
Олимпискиот стадион во Атина
Олимпискиот стадион во АтинаФотографија: dpa

Спринтер во стартна позиција на големиот екран, 400 барабани бијат во ритамиот на срцето - одбројувањето започна. Се појави бројот 28 – ова се 28-мите олимписки игри на модерното време, потоа со намалување се‘ до еден се воспостави врска со самиот почеток и обновувањето на игрите: Атина 2004 – Атина 1896-та. Одненадеж мрак, огнена топка се вивнува во темницата и паѓа среде олимискиот стадион во тој момент со 2162 кубни метри вода претворен во море од кое израснуваат петте пламени олимписки кругови. Така ефектно започна свеченоста на отворањето на олимпијадата во Атина.

72 илјади гледачи во реновираната Арена непосредно и милиони и милиони шриум земјината топка преку телевизискиот пренос доживеаја возбудливо шоу со многу изненадувања. Игрите за отворени ги прогласи грчкиот претседател Костас Стефанопулос. Преку 4 илјади учесници ја реализираа програмата на отворањето со лајт-мотиви “биење на човечко срце” и “ трчање”. Шоуто беше инспирирано од грчката митологија и реализирано со најмодерна технологија. Во секој случај, фасцинантно шоу, покрај другото и со 2500 различни костими.

Во поздравните говори на свеченото отворање претседателот на Организациониот комитет Јана Ангелопулос Даскалаки им посака “добредојде дома” на олимписките игри, а претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет Жак Рог уште еднаш го нагласи значењето на фер-борбите и ја жигоса злоупотребата на дошингот во спортот.

Големата непознаница и чест, кој да го запали олимпискиот оган, му припадна на серферот Николаос Какламанакис, олимписки шампион од 1996-та година. Сето на крајот беше гарнирано со голем огномет. Претпладнево на олимписките борилишта веќе се одвиваат повеќе квалификациони, како и борби за медали.