1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фаворитот Црна Гора пресилен

СН/ЕМФ/миа5 април 2012

Македонската ватерполо репрезентација претрпе пораз од Црна Гора на олимписките квалификаци што се одржуваат во Едмонтон, Канада.

https://p.dw.com/p/14Y0A
Фотографија: DW

Третиот пораз на квалификациите за Олимпијадата во Лондон македонските ватерполисти го претрпеа ноќеска од Црна Гора со 14:6. Резултатот по четвртини на овој натпревар од 4. коло на турнирот во Едмонтон изнесуваше 3:0; 4:1; 4:2 и 3:3.

Головите за Македонија ги постигнаа: Димитар Димовски 2, Марко Мартиниќ 1, Петар Ивошевиќ 1, Мирослав Ранџиќ 1 и Воислав Чупиќ 1.

Македонија вечерва (05.04) 20 минути пред полноќ го игра натпреварот од 5. коло против Германија во обид со евентуална победа да се пласира во четвртфиналето.

На другите натпревари од А групата вчера беа постигнати резултатите: Холандија – Романија 5:7 и Грција – Германија 11:9.

Во Б групата беа постигнати овие резултати: Турција – Шпанија 2:21 и Канада – Аргентина 13:5. Слободен беше Бразил.

Табела А група: Црна Гора 8 бодови, Романија 6, Германија 4, Грција 4, Македонија 2, Холандија 0.

Табела Б група: Шпанија 6, Канада 6, Бразил 2, Турција 1 и Аргентина 1.