1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уште 12 години затвор за Љубе Бошкоски

БГ/макфакс12 јули 2013

Поранешниот министер за внатрешни работи Бошкоски денеска е осуден на нова затворска казна заради наводно учество во нарачка на убиство на едно лице.

https://p.dw.com/p/196rr
Фотографија: AP

Со извици „Платенику! Хохштаплери, бандо криминална...Ќе седнеш ти на моето место!“, Љубе Бошкоски ја прими пресудата со којашто е осуден на 12 години затвор за помагање во убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев.

Шефот на неговото обезбедување Зоран Трајковски доби десет години затвор. Првите четворица обвинети за убиството, српските државјани кои се во бегство Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ се осудени на доживотен затвор.

Судијата пред да ја соопшти, пресудата ја образложуваше половина час. Во судницата имаше голем број роднини и пријатели на обвинетите кои викаа по судијата, а пресудите ги дочекаа со плачење. Бошкоски се товари дека како министер за внатрешни работи во тоа време му дозволил на подоцна исто така, ликвидираниот во криминална пресметка Орце Коруновски да нарача убиство за Марјан Тушевски. Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година, кога излегувале од кафулето „ЗУ" во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми беше убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега. За овој случај одговараат 15 лица, а четворица од нив се во бегство. Бошкоски во затворот „Идризово" ја издржува петгодишната затворска казна за нелегално финансирање на изборната кампања.