1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уште повеќе пари за Грција?

28 јануари 2012

Додека во Грција се водат „жешки“ преговори за бришење на долговите, и владата се обидува да ги спроведува непопуларните реформи, долговите по се’ изгледа растат. За спас на земјата ќе бидат потребни 145 милијариди евра.

https://p.dw.com/p/13sJd
Фотографија: Fotolia/mekcar

Грчката влада и меѓународните претставници на банките очигледно постигнале значителен напредок во преговорите за бришење на долговите за високо-задолжената земја. Постигнат е напредок по техничките, правните и други теми изјави портпарол на Министерството за финансии во Атина по синоќешната срдба меѓу премиерот Лукас Пападемос и министерот за финансии Еврнагелос Венизелос со претставнциите на меѓународниот сојуз на банките. Со побарувањата од приватните доверители долговите на Грција би требало да се намалат за 100 милијарди евра.

Претходно претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Мануел Барозо побара натамошна поддршка за Грција од државите на еврото. Имено веќе се слушаат првите гласини дека фондот за спас на Грција би можело да биде поскап од планираното. Весникот „Шпигел“ денеска пренесува дека според проценките на меѓународната Тројка, Комисјата на ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд на Грција ќе и требаат дополнителни 15 милијарди евра, односно наместо во октомври договорение 130 милијарди евра сега ќе бидат потреби 145 милијарди евра. Причина за зголемувањето на долговите е влошувањето на грчката економија

Euro Münze Euromünze
Фотографија: picture-alliance/dpa

Агенцијата Фич го намали рејтингот на пет земји од евро-зоната

Според информации на агенцијата Ројтерс и весникот „Фајненшл тајмс“ Германија притиска Европската унија да ја преземе контролата врз грчката финансиска политика. Ополномоштеник на ЕУ во иднина би требало да може да стави вето на одлуките на грчката влада, како предуслов за исплаќање на вториот пакет помош. Грција во меѓувреме ја отфрли можноста за именување на еврокомесар, кој ќе ги контролира буџетските решенија на земјата. Нема можност такво нешто да биде прифатено, пред некое време таков предлог беше направен и од холандски министер, јавија високи владини извори во Атина.

Рејтинг агенцијата Фич во меѓувреме ја намали кредитоспособноста на пет земји од еврозоната, меѓу нив и на Италија и на Шпанија. Оценката за бонитетот на третата односно четвртата по ранг европска економија е намалена за два стеени, соопшти Фич во Лондон. За две оценки е намален и бонитетот на Словенија, додека за една на Белгија и на Кипар. Рејтингот на Ирска меѓутоа останува на исто ниво. Трендот за кредитоспоспобноста на шесте земји се оценува како негативен. Фич од декември мината година почна со проверка на бонитетот на европските земји.

Автор: АТ/ СН/ дв/ дапд/ миа

Редактор: Симе Недевски