1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уште една пропуштена шанса за Македонија

18 март 2011

На Саемот на книгата во Лајпциг, кој е празник за читачката публика годинава се претставуваат седуммина македонски автори. Никогаш ги немало во толкав број како годинава. Но наспроти тоа на саемот нема македонски штанд.

https://p.dw.com/p/10c72
Фотографија: picture-alliance / dpa

Уште една пропуштена шанса за Македонија. Вака и никако поинаку би се оквалификувала презентацијата на Саемот на книгата во Лајпциг каде и покрај читањата и присуството на седуммината македонски автори земјата нема сопствен штанд. Покрај раскошните штандови на Србија, Хрватска, Словенија, Македонија нема ни метар свој простор каде би се претставиле дел од многуте изданија. Седуммината автори и нивните издавачи буквално се распрскани низ саемските хали и доколку го немаше штандот на германската организација „Традуки“ која го организираше учеството на македонските автори во Лајпциг, тешко дека меѓу јавните читања, човек би можел и да ги пронајде претставниците од Македонија.

Mazedonien Schriftsteller Robert Alagjozovski
Роберт АлаѓозовскиФотографија: DW

Нема македонски штанд

До лани македонската литература се претставуваше на штандот на албанските издавачи. Годинава нив ги нема, така што ја нема ниту македонска ниту албанска книжевност. Организаторот на презентацијата Роберет Алаѓозовски , вели дека е штета што нема штанд, но смета дека македонската литература е присутна преку авторите кои имаат бројни читања. Дека се битни контактите и дополнува дека постои расположние и кај Миниустерството за култура и кај „Традуки“ в година Македонија да има нормален штанд. А до тогаш можеби авторите ќе ја искористат шансата што ја нуди напечатеното „Пролетно книжуле за Лајпциг“ за кое Алагјозовски кажува:

„Направивме каталог во облик на книжуле со делови од творештвото, со библиографски податоци и контакти на 30 автори. Ова е прво претставување на македонските автори на германски јазик. На саемот тоа стаса до издавачите, критичарите, новинарите. Книгата е направаена по светски стандарди и е нешто што не е направено до сега“.

Mazedonien Flagge Leipzig Buchmesse
Македонското знаме развеано пред Саемот во ЛајпцигФотографија: DW

Публиката во Лајпциг можеше да чуе повеќе за Македонија

200 примероци од ова книжуле било бесплатно поделени. Но би прашале: што се двеста во споредба со илјадната публика која едноставно нема шанса да слушне повеќе за македонската литература.

Инаку, првото претставување на македонските автори започна уште вчера. Попладнево настап имаат Никола Маџиров и Лилјана Дирјан, а вечерва ке биде претставена книгата „Скопје. Вонбрачно дете на светот“ на Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек, по што за проектот „Скопје 2014“, ке дебатираат Влада Урошевиќ, Владимир Јанковски и Роберт Алаѓозовски.

Автор: Силвера Падори - Кленке

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема