1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уште еден апел од Анан

10 февруари 2006

Како реакција на тензиите во муслиманскиот свет што се појавија по објавувањето на карикатурите со пророкот Мухамед, генералниот секретат на ОН Кофи Анан побара поголема одговорност кај западните медиуми. Тој уште еднаш ги осуди насилствата и повика на смирување на ситуацијата.

https://p.dw.com/p/Ac94
Кофи Анан
Кофи АнанФотографија: AP

,, Не разбирам зошто некои весници мораат да ги објавуваат кваквите карикатури. Тоа е бесчуствителен, навредлив и провокативен потег. Мора да се согледа што се случи потоа во светот “ рече Анан, кој пред два дена, заедно со претставници од Европската Унија и од Исламската конференција упати заеднички апел за смирување на ситуацијата.

Генералниот секретар на Светската Организација посочи дека не може да разбере зошто мал број медиуми и натаму продолжуваат со провокациите, иако повеќето веќе престанаа да ги објавуваат контроверзните карикатури на исламскиот пророк:

,, Ова не значи дека јас сум против слободата на изразувањето или слободата на печатот. Јас сум за тоа, но то не е бланко чек. Мора да се има свест и однапред да се согледаат последиците. И навистина искрено, не можам да ги разберам оние уредници кои долеваат масло во огинот“ рече Анан.

Во врска со обвинивањата на Вашингтон, дека Иран и Сирија се директи поттикнувачи на насилствата што се појавија во исламскиот свет, Анан не сакаше да се изјасни:

,, За тоа нема никакви показатели, но кризата доби толку големи размери, што сите ние ќе мораме да зе помачиме да ја смириме ситуацијата.“

Генералниот секретар на ОН упати и порака до владите чии граѓани излегоа на масовни протести:

,,Се додека има лутина околу оваа тема, насилството не е одговор. Не треба да барате извинување, не треба никого да напаѓате, не треба да барате одговори за тоа дали тоа дали треба да се осудат Данска или Европа“ порача генералниот секретар на ОН.