1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Учеството на изборите - добар сигнал за македонската демократија

Силвера Падори-Кленке25 март 2013

Во изјава за ДВ германското МНР ја поздрави мирната атмосфера на локалните избори во Македонија. Оттаму подвлекуваат дека учеството на изборите е добар сигнал за демократскиот развој на земјата.

https://p.dw.com/p/183xw
Фотографија: picture-alliance/dpa

Политички Берлин попладнево (25 март) во изјава за Дoјче веле ја поздрави мирната атмосфера на локалните избори, при што се подвлекува дека „инцидентите во текот на изборите, за кои известуваат меѓународните набљудувачи, дополнително треба да се обработат“.

Во реакцијата за ДВ, германското МНР едновремено акцентот го става на последната посета на шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле на Македонија.

„При посетата на Скопје на 22. февруари 2013, министерот за надворешни работи Вестервеле вети дека Германија ќе ја поддржува Македонија на нејзиниот пат во ЕУ, но ја искажа и загриженоста за внатрешнополитичките конфронтации. Сега радува што сите македонски партии учествуваа на изборите. Тоа е добар сигнал за демократскиот развој на земјата. Апелираме до македонскиот парнер да продолжи да чекори по ваквиот пат“, се вели во изјавата за ДВ на Министерството за надворешни работи на Германија.