1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Успешна посета на рускиот претседател на Германија

Инго Мантојфел6 јуни 2008

Првата посета на новиот руски претседател Дмитри Медведев на Германија беше во знакот на германско-руските односи. Од дипломатска гледна точка посетата на Медведев вчера беше успешна. Сега треба да следат конкретни дела

https://p.dw.com/p/EEst
Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Дмитри МедведевФотографија: AP

Во принцип посетата не донесе ништо ново. Пораката на претседателот Медведев гласеше: постојаност во руската политика и стабилност во германско-руските односи. Имено, се друго освен тоа би важело за сензација на средбата. Претседателот Медведев со оглед на неговата биографија и околностие под кои тој стана претседател ја продолжува традиционалната политика на поранешниот претседател Путин.

Дмитри Медведев како долгогодишен шеф на одборот во Газпром и вицепремиер во последниве години ја поттикнуваше надворешната политика на Русија од гледна точка на стопанството и енергетиката.

Поради тоа би било прерано, само неколку недели од стапувањето на функцијата, од претседателот Медведев да се очекува промена на надворешно –политичкиот курс.

Пријатна атмосфера и добар однос

Deutschland Russland Dmitri Medwedew in Berlin Angela Merkel Pressekonferenz
Пресконференција по средбата на Медведев и МеркелФотографија: AP

Она што остави впечаток за време на посетата на Медведев беше пријатната атмосфера, за која секако придонесоа како Медведев така и германската канцеларка Ангела Меркел.

Критиките за можни проширувања на НАТО и американскиот одбранбен систем рускиот претседател ги изнесе со дилопматски тон. Тоа кај претседателот Путин, во неговиот Минхенски говор во фебруари 2007, звучеше поинаку.

И германската канцеларка се однесуваше соодветно: Таа се потруди да го пречека Медведев со пријателски тон. Можните разлики во мислењата околу ситуацијата со човековите права во Русија, Меркел ги прекри со дипломатски флоскули, имено така и беше договорено да се води „отворена и чесна размена„.

Меркел исто така повлечено и внимателно се однесуваше и на пресконференцијата кога беше запрашана за тоа што ќе биде преземено во случајот на претприемачот Михаил Ходорковски, кој се наоѓа в’ затвор. Нејзиниот одговор и на ова прашање беше јасен. Ниту Меркел, ниту Медведев сакаа да ја расипат добрата атмосфера. Со менувањето на персоналот во Кремљ и двајцата гледаат шанса да ги подобрат односите на двете земји, кои во последниве месеци малку беа заладени.

Конкретни резултати од првата посета не се очекуваа

Сепак ,кратката посета беше добра основа за продлабочување и подобрување на германско-руските односи во наредните месеци. Пред да отпатува Медведев во говор пред гермаснки политичари, стопански бизнисмени и новинари ги истакна заедничките вредности и вети дека ќе го поттикнува развојот на руската правна држава. Овие цели во Германија беа прифатени со големо одобрување. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер во говор во Екатеринруг, пред неколку недели, понуди токму ваква форма на модерно партерство меѓу двете земји. Меѓутоа, останува уште едно нешто да се посака: по толку многу кажани зворови и ветувања, сега треба да следуваат конкретни дела. Доколку не се случи тоа тогаш новиот руски претседател ќе ја загуби веродостојноста.