1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Успешен тест на вакуум бомба во Русија

13 септември 2007

Руската армија е горда на успешниот тест на т.н. вакуум бомба. Експлозивната сила на ова оружје се споредува со атомска бомба. Но тоа не е се: таа била дури четири пати посилна од бомбата на Американците.

https://p.dw.com/p/BfTU
КремљФотографија: picture-alliance / dpa/dpaweb

Повторно сме некој и нешто! Со очигледна гордост реагираат многу Руси преку интернет форумите на тестот на вакуум бомбата, која се означува како најсилна во светот.

Првиот канал на руската телевизија, покажа слики од тестирањето. На нив се гледа борбен авион кој фрла бомба на терен за тернинг. Следува силна експлозија. Она што останува се уништени куќи и изгорена земја.

Заменик шефот на генералштабот на руските безбедносни сили Александар Рукшин опушено ги коментира шокантните слики. „Резултатите од тестот на ново развиената бомба покажуваат дека по ефикасноста и капацитетот е споредлива со атомска бомба. Но истовремено сакам да нагласам, дека во споредба со нуклеарното оружје не ја уништува екологијата и не ја загадува животната срдина.“

Бомбата предизвикува жесток бран на притисок на утлтара звук и неверојатна жештина. Настанува вакуум, кој никој не може да го преживее. Останува пустош.

Бомбата појаснува Јуриј Балико, управен раководител на институтот за истражаување при министерството за одбрана, се базира на нанотехнологија. „Употребата на нано технологија ни дозволува, да може да ги намалиме барањата за прецизност. Развојот на бомба за нас е значително поисплатлив. Оваа посебност со оглед на моменталните услови е особено важна за нас. Развивме релативно ефтино оружје со високи достигнувања.“

Бомбата, се вели гордо, е четирипати посилна од американската „мајка на сите бомби“ и покрај тоа што и е потребно помалку експолизвен материјал. Таа била „татко на сите бомби“. Значењето на новото оружје според зборовите на Рукшин не треба да се потцени. „Таа ни отвара можност да ја гарантираме безбедноста на нашата држава и истовремено да можеме да пружиме отрпор против светскиот тероризам под секакви околности и во секој регион.“

Иако руските политичари неуморно поврторуваат, дека не станува збор за нова трка во вооружување и дека и натаму ќе се придржуват до сите договори: Русија се вооружува. Таа демонстрира сила во очи американските планови пред нејзина врата да изгради ракетен одбрамбен систем.