1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Успешен самит во Рим

СН/ртр/дапд/дпа22 јуни 2012

Германија, Италија, Шпанија и Франција имаат намера да го поттикнат економскиот раст во Европската Унија. Лидерите на четирите земји во Рим се договориле за пакет за економски раст во вредност од 130 милијарди евра.

https://p.dw.com/p/15Jw9
Фотографија: Reuters

„Европската буџетска дисциплина не може да биде оддржлива, ако нема задоволителен економски раст и доволно работни места“, изјави италијанскиот премиер Маро Монти , кој беше домаќин на денешниот самит на лидерите на четирите најголеми економии во еврозоната. Монти пред важниот самит на ЕУ наредната недела денеска во Рим ги покани германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој и францускиот претседател Франсоа Оланд. Тие на средбата се согласиле за неопходноста од пакет за поттикнување на економскиот раст кој според проценките треба да има обем од 130 милијарди евра. „Постигнавме согласност дека пакетот за поттикнување на растот е неизбежен. Денешната средба во Рим му даде конкретна содржина на овој предлог“, изјави францускиот претседател Оланд .

„Еден процент од европскиот бруто општествен производ треба дополнително да биде вложен во мерки за поттикнување на растот“, истакна канцеларката Ангела Меркел. Таа порача дека пакетот за раст е важен сигнал кој и е потребен на Европа но истовремено предупреди дека мора да има и поголемо политичко единство.

На четирипартиниот самит во Рим била дадена поддршка и за воведувањето на данок за финансиските пазари. „Финансиските пазари се’ уште не се доволно вклучени во трошоците за справување со кризата“ , рече канцеларката Меркел.

Италијанскиот премиер Марио Монти заклучи дека денешната средба на лидерите на четирите најсилни економии во еврозоната дала добар придонес за подготовката на ефикасен самит на ЕУ во Брисел.