1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Успешен Г-8 самит

11 јуни 2004

Со апел за политички и економски реформи во арапскиот свет, американскиот претседател Џорџ Буш го означи крајот на самитот на Групата 8 во Си Ајленд во дажавата Џорџија.

https://p.dw.com/p/AcN5
Дел од учесниците на самитот на Г-8
Дел од учесниците на самитот на Г-8Фотографија: AP

Три дена учесниците им посветија на голем број актуелни политички и економски теми. Во фокусот беше ситуацијата во Ирак, но исто така и состојбата во светското стопанство, како и прашањата на развојот. Самитот обезбеди согласност за најголемиот број политички и економски прашања. Германскиот канцелар Герхард Шредер изрази задоволство:

“Тоа што резолуцијата за Ирак беше едногласно усвоена секако придонесе за атмосферата на самитот , како и за решенијата што беа донесени. Во лежерна атмосфера напорно се работеше и така посматрано ова е сигурно успешен самит“.

Г-8 на државите од Блискиот исток им понуди долгорочно партнерство во политичките реформи за што е предвиден редовен дијалог на министерско ниво, помош во орагнизацијата на слободни избори и во образованието. Околу Ирак прашањето за ослободување од долговите засега остана нерешено. Спорна остана идната улога на НАТО во оваа земја. Буш побара поголем ангажман, но тоа го одбија Франција и Германија. Канцеларот Шредер на оваа тема:

“Ние јасно ставивме на знаење дека нема да испраќаме војници во Ирак и на тоа останува. Колку што знам истото важи и за Франција. Германската позиција нема да се измени, но јасно ставивме на знаење дека нема да ги блокираме решенијата на НАТО. Се знае дека тоа не е ништо ново и дека не се појави на самитот, туку тоа е дамнешна позиција на владата и затоа нема ништо драматично“.

Договорено е за да се спречи ширењето на атомското оружје, веќе нема да се извезува нуклеарен материјал од кој би можело да се произведе атомско оружје. Со план од 4 точки ќе се помага развојот на стопанството во сиромашните земји. Посебна потреба за дискусија за економските теми практично немаше, зашто светската економија доживува бум, иако Европејците се нешто послаби. Причина американскиот претседател Буш да ги охрабри за натамошни реформи. Темата високи цени на нафтата што ја внесе канцеларот Шредер во завршното коминике не најде место. Учесниците на самитот изразија согласност за членство на Русија во Светската трговска организација.