Усвоен предлогот за Национален совет за евроинтеграции
20 ноември 2007Реклама
Македонското собрание едногласно го усвои предлогот за формирање Национален Совет за евроинтеграции. Целта е поефикасно работење на агендата за приближување кон ЕУ. Според предлагачот претседателот на НСДП,Петковски Советот треба да ги следи активностите во врска со евроинтеграциите како и да го намали растечкиот конфликт во Собранието. Советот ќе брои 17 члена, меѓу кои ќе има пратеници, вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, но и претставници на науката, невладиниот сектор и стопанството.