1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уругвај : Последен акт во легализирањето на марихуаната

СН/бг/миа/афп/ап25 декември 2013

Уругвајскиот претседател Хое Мухика го потпиша спорниот закон за канабисот , кој за првпат во една држава ги легализира одледувањето и продажбата на марихуана.

https://p.dw.com/p/1Agg6
Фотографија: Getty Images/Afp/Pablo Porciuncula

Портпаролот на уругвајскиот претседател соопшти дека Хозе Мухика го потпишал законот за создавање на регулиран пазар на марихуана во Уругвај. Претседателскиот секретар Диего Каепа истакна дека Мухика го потпишал законот во понеделникот вечерта, што е последниот чекор пред тој да стапи во сила.

Службениците треба до 9 април да напишат одредби за регулирање на сите аспекти од пазарот на марихуана, од нејзино одгледување до продажба во аптеките. Властите очекуваат целиот систем да биде спроведен до средината на идната година.

Уругвајците ќе имаат право да одгледуваат марихуана во својот дом, до шест стебла на едно семејство и годишно да одгледуваат до 480 грама. Тие ќе можат, исто така, да набават марихуана во за тоа лиценцирани аптеки, но не повеќе од 40 грама месечно.

Досега во Уругвај беше дозволено консумирањето на марихуана но не и нејзината продажба. Според податоците на Националниот совет за наркотици околу 120 илјади од вкупно 3,2 милиони жители на латиноамериканската земја редовнокорустеле канабис, а секој шести од нив консумирал марихуана секојдневно.