1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ураганот „Феликс“ ја достигна највисоката петта категорија

3 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bb1O

Ураганот „Феликс„ што им се заканува на земјите од централна Америка за многу кратко време го достигна највисокиот, петти степен на опасност. Центарот за урагани од Мајами соопшти дека „Феликс“ може са се засили. Ветрот сега дува со брзина од над 270 км на час. Како најзагрозени сега се сметаат Хондурас и мексиканскиот полуостров Јукатан. Претходно Феликс ги погоди островите Куракао, Аруба и Бонар. Таму остави многу урнати дрва, кровови, а многу места останаа без струја.