1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ураганот „Сенди“ однесе десетици жртви

ЖА/дв/ртре/дпа26 октомври 2012

Ураганот „Сенди“ кој поминува низ Карибите, предизвика пустош на својот пат. Во меѓувреме, ураганот се движи преку Бахамските острови во правец на американската сојузна држава Флорида.

https://p.dw.com/p/16XQn
Фотографија: REUTERS

Во налетот на ураганот „Сенди“ во Карипскиот регион загинаа најмалку 21 лице: 11 на Куба, 9 на Хаити и едно на Јамајка. Само во источниот дел на Куба мораа да бидат евакуирани 330 илјади луѓе. Невремето со сила на ветрот од 175 километри на час и поројни дождови предизвика поплави на крајбрежните области, излевање на реките и оштетувања на куќите. Во меѓувреме, ураганот се движи преку Бахамските острови во правец на американската сојузна држава Флорида.

Метеоролозите предупредуваат дека „Сенди“ веројатно ќе се претвори со зимска бура, како резултат на што ќе се создаде супер бура. Според прогнозите, таа ќе ги погоди САД наредната недела и нејзиното влијание ќе биде почувствувано долж целото атлантско крајбрежје, од Флорида до Мејн, а навнатре кон Охајо.

Се очекува „Сенди“ да ослабне во следните 48 часа, но се‘ уште ќе остане ураган.