1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УНЕСКО одлучува за Палестина

31 октомври 2011

САД се заканија дека ќе ја запрат помошта за УНЕСКО доколку Палестина добие членство

https://p.dw.com/p/1328i
Седиштето на УНЕСКО во ПаризФотографија: picture-alliance/dpa

Генералното собрание на УНЕСКО денеска во Париз треба да гласа за барањето на Палестинците за полноправно членство во организацијата. САД се заканија дека ќе скратат 70 милиони долари од финансирањето на културната агенција на ОН, доколку таа донесе одлука за прием на Палестина во своите редови.

Пред заминувањето на конференцијата во Париз, министерот за надворешни работи Риад Малаки изјави дека Палестинците нема да се согласат со ништо помалку од полноправно членство во ОН.

Извршниот одбор на УНЕСКО гласаше на 6-ти октомври за препорака за прием на Палестина во организацијата како 193-та земја членка.

„Битката за членството во УНЕСКО е тешка. Тие ни кажаа дека ако станеме членка , САД нема да плаќаат ниту еден долар на УНЕСКО и дека ние ќе го уништиме. Ние не сакаме да го уништиме УНЕСКО“, изјави во средата палестинскиот претседател, Махмуд Абас.

Автор: Александар Методијев/ АФП/ МИА/ ДПА

Редактор: Борис Георгиевски