1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Унгарија им го отежнува животот на бездомниците

АТ/ дпа/афп 1 октомври 2013

Кошмар за бездомниците во Унгарија - и покрај протестите на опозицијата парламентот усвои закон со кој на бездомниците им се забранува преноќување на улиците и плоштадите. Погодените бурно негодуваат.

https://p.dw.com/p/19sHO
Фотографија: FERENC ISZA/AFP/Getty Images

Новото регулирање предвидува, бездомниците принципилно да не смеат да се задржуваат на места, кои се дел од светското културно наследство. Освен ова, локалните власти смеат, според сопствено наоѓање, да воведат зони, каде на бездомниците ќе им биде забранет престој. Доколу се прекршат овие правила ќе се казнува со бесплатна работа за општо добро или со парични казни. На оние кои го повторуваат делото им се заканува затворска казна.

На иницијатива на министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер парламентот во Будимпешта го усвои законот со двотретинското мнозинство на владејачката партија Фидес. Левоориентираните и либерални опозициони партии го повикаа претседателот Јанош Адер да стави вето. Пред речиси една година една слична одредба падна на Уставен суд. Потоа парламентот, во март годинава, го смени уставот, за да може да ја спроведе одредбата.

Бездомниците демонстрираа против законот

Социјалистичката опозициона партија оцени дека со овој „нечовечки“ закон се „гонат“ бездомниците, без да биде направено никакво прекршување. Новиот закон, како што се вели, служел само за тоа да се спречи, сликата на овие луѓе да не ја нарушувала „успешната пропаганда“ на владата.

Пред зградата на парламентот против законот демонстрираа стотици бездомници, бидејќи чувствуваат дека на овој начин тие се криминализираат. Само во Будимпешта, според проценките на хуманитарните организации, живеат меѓу 8.000 до 10.000 бездомници. За нив во домовите на располагање стојат речиси 6.000 места. Десничарската влада на премиерот Виктор Орбан, напротив, смета дека имало места во домовите за сите бездомници и дека постоечките капацитети не биле целосно искористени. Владата го брани новиот закон и тврди дека тоа било „главно во интерес на бездомниците“, кои во зима можеле и да починат доколку преноќуваат под отворено небо.

Организацијата за заштита на човековите права Хјуман Рајтс Воч на почетокот на месецот оцени дека законот за бездомниците во Унгарија е уште еден доказ за тоа како владата на Орбан, откако стапи на функција во 2010 година, „ги поткопува“ европските права и човековите права. Од Советот на Европа стигна критика за политиката кон бездомниците на оваа земја членка.